Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Од:

Богатството на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, се проценува на 177 милијарди долари, што е далеку пред останатите. Годишната листа милијардери на „Форбс“ вклучува рекордни 2.755 луѓе, а на чело е основачот на „Амазон“, кој е четврта година по ред, официјално, најбогатиот човек на светот.

Луѓето кои поединечно имаат повеќе од милијарда долари, заедно имаат 13 трилиони долари, што значи дека заработиле пет трилиони за време на пандемијава, во споредба со осумте трилиони долари лани.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск се искачи од 31-то место на второто и неговото богатство се проценува на 155 милијарди долари. Бернард Арно, извршен директор на „ЛВМХ“, основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и сопственикот на Фејсбук – Марк Закерберг, исто така, се меѓу првите пет најбогати луѓе во светот.

Повеќе од половина од светското богатство е во рацете на првите 20 милијардери на списокот на „Форбс“.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Американските милијардери загубија 93 милијарди долари

Најбогатите луѓе на светот осиромашени за 50 милијарди долари

Ана Ололовска

Во светот веќе има над 20 милиони милионери

Ана Ололовска

Пекинг му го одзеде приматот на Њујорк според бројот на милијардери

Ана Ололовска

Милијардерите во текот на пандемијата станаа „потешки“ за 4.000 милијарди долари

Ана Ололовска