Две фотоволтаични централи инсталирани на ФЕИТ

Од:

Две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 киловата денеска беа пуштени во употреба на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Едната централа е донација од компанијата „Окта“, а другата е набавена во рамки на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање енергија во згради со фотоволтаици“ и со средства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Струјата произведена со фотоволтаичните централи ќе се користи за за потребите на ФЕИТ и на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека фотоволтаичните центрaли му овозможуваат на факултетот да има современ енергетски ефикасен објект и да прави максимални заштеди кога е во прашање потрошувачката на електрична енергија.

Според него, фотоволтаичните централи ќе бидат и одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на функционирање на овој тип на системи како дел од наставата, да анализираат како генерираат електрична енергија од фотоволтаици и како ја алоцираат со минимални материјални трошоци.

– Овој проект треба да биде пример и поттик и за домаќинствата и бизнис заедницата, односно енергетските оператори затоа што фотоволтаичните централи можат да им послужат и заштедат средства, да ја заштитат животната средина и да се намали загадувањето, рече Адеми.

Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски нагласи дека со овие фотоволтаици придонесуваат за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето.

Вкупната вредност на проектот за набавка и инсталирање на двете централи изнесува 27.500 евра.

Би можело да ве интересира

Божиновска на средба со студенти од ФЕИТ по повод Денот на чистата енергија

А1он

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе се тестираат 5Г мобилни технологии и системи

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Ана Ололовска