Македонската компанија ДУНА, годинава, слави Четвртина век. Официјално е отворена во далечната 1994 година. По повод овој јубилеј, во наредните шест месеци, ДУНА со разни настани и и активности ќе го одбележи своето тридецениско присуство во бизнис секојдневието во Македонија.
„Горди сме што како македонска компанија, веќе три децении, посветено работиме на нашата мисија. Тоа е технологијата да биде присутна во сите сегменти на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено дејствување. Затоа, ги следиме сите ИТ трендови во светот. Како компанија пласираме и наши иновативни идеи во кои веруваме неизмерно и со тоа, успеавме да станеме препознатлив бренд во регионот“, вели Александар Пајковски, извршен директор на ДУНА.
Неговиот колега и партнер во компанијата, Коце Петров, како технички директор, потенцира дека „целосно се фокусирани, преку успешни проекти и корпоративни решенија, да бидат незаменлив дел од бизнис секторот, но и столб и поддршка во работење на институциите. Истовремено, преку многубројни еколошки и филантропски акции, сме посветени и на издигнување на глобалната свесност за општествената одговорност“.
ДУНА, во своето професионално богато портфолио, брои многу успешно реализирани проекти и иновативни решенија. Во моментов има околу 80-тина вработени, со многубројни награди и со две канцеларии во Србија и во Албанија. ДУНА, пред 22 години, ја инсталираше првата дигитална печатница во Државниот завод за статистика за печатење гласачки картички и избирачки списоци. Потоа реализира проект за обележување на животните со радиофреквентна идентификација за да се воспостави национална програма за превенција на важни заболувања кај домашните животни, заболувања на лигавка и шап. ДУНА се гордее и на соработката со УНДП во Косово, на проект компјутеризација на институциите за време на кризата, каде се инсталирани 1500 мултифункционални машини во канцелариите на полицијата.
Од успешните проекти, кој сé уште е активен, ДУНА го вбројува проектот за воведување фискална политика во Македонија во 2001 година, како и создавањето комплетно ново софтверско решение Ultima®ДУНА. ДУНА е горда и на поддршката на организаторот на најзначајниот настан во поновата историја на овие простори – SUPERCUP 2017.
ПР текст