Државите членки на ОПЕК и оние кои не се блиску до спогодба за стабилизирање на нафтените пазари

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и државите, кои не членуваат во неа се близу до постигнување спогодба за стабилизирање на нафтените пазари.

– Имавме долга билатерална средба со иранскиот претседател Хасан Рохани. Близу сме до зделка меѓу земјите, кои се членки и кои не се членки на ОПЕК, рече Мадуро на крајот на самитот на Движењето на неврзаните на островото Маргартита во Венецуела.

– Се надеваме дека овој месец ќе може да ја објавиме спогодбата со која ќе бидат стабилизирани пазарите, а исто така да се зголемат и стабилизираат цените на нафтата, изјави тој.

Рохани, кој присуствуваше на самитот во Венецуела изјави дека Иран ги поддржува сите чекори за стабилизирање на светскиот нафтен пазар и зголемувањето на цените.

Генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо изјави дека земјите од организацијата може да свикаат вонреден состанок за разгледување на цените на нафтата, доколку постигнат согласност на неформалниот собир во Алжир овој месец.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата