Државата ќе ги заузда инвеститорите со фотоволтаици – Сакаат да градат централи колку капацитетот на цела земја

Од:

Министерството за економија со помош на УСАИД подготвува индикативен план со кој ќе ги стави под контрола градбите на фотоволтаични централи поради тоа што се случува елдорадо во делот на инвестиции.

– Сакам да ги повикам сите инвеститори, дека ако завршуваш со урбанизација или ако купиш земјиште, не значи дека сте овластени да направите централа. Јас сум горд што имаме десет пати повеќе инсталиран капацитет само од фотонапонски централи во земјата на сонцето. Имаме околу 207 мегавати вклучени во мрежа, било тоа на ниско напонска мрежа било тоа на МЕПСО.

До крајот на годината очекувањата се да се надминеме 300 мегавати и ние мора да се повикаме на стратегијата за развој на енергетиката која кажува дека мрежата во нашата земја само од фотонапонски централи може да прими некаде од 1000 до 1200 мегавати.

Тоа не значи дека само во градот Скопје би можело мрежата да прифати 1000 мегавати, туку треба да се распредели за мрежата да ја прими таа енергија – истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.

Повеќето од барањата се од региони од два три во земјава во кои нема инфраструктура во моментов за да се примат или за да се вклучат во мрежата, затоа што тие капацитети надминуваат 6.000 мегавати моќност.

Тој ги предупреди инвеститорите да гледаат на можностите за добивање овластување, затоа што овластување над еден мегават дава министерството за економија согласно стратегијатата за енергетика.

– Ние мора да имем разни електрани да имаме микс и тоа да се балансира. Ако трафостаница може да прими 10 мегавати во Кичево, треба да се направи нова. Ако мрежата на МЕПСО во Охрид може да прими 100 мегавати, ние не може да инсталираме 150 затоа што тие ќе треба да чекаат за да се надгради мрежата иако потоа, пак, дистрибутивната мрежа треба да се поврзе со преносната мрежа. А барања од потенцијални инвестори за одредени региони имаме со над 1.000 мегавати моќност. Тоа не може да се спроведе во моментов немаме инфраструктура за тоа – додаде Бектеши.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики