Драги: Еврото се врати на сцената

Од:

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги денеска го поздрави „враќањето“ на еврото на сцена, но укажа и дека треба уште многу да се направи на планот за зајакнување на економиите од еврозоната кои беа погодени од рецесијата.

Драги во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос истакна дека преземените мерки во земјите погодени од кризата биле „неизбежни“.

– Мислам дека минатата година би требало да биде запамтена како година на враќање на еврото на сцена, посочи Драги.

Тој нагласи дека владите на земјите-членки на еврозоната брзо презеле структурни реформи и сега „ги собираат плодовите“. Драги додава и дека и ЕЦБ презеле одредени акции, меѓу кои и доделување на 1.000 милијарди евра за ликвидноста на банките.

– ЕЦБ неодамна соопшти дека програмата за купување на обврзници од презадолжените земји се покажа како многу успешна и оти помогна за намалување на перцепцијата дека еврото се наоѓа на работ од колапсот, наведе Драги, додавајќи дека се уште е рано да се објави крај на борбата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески