ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Од:

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 15 до 21 мај извршил над 600 надзори низ целата држава, при што се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари.

Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат соопшти дека постапува и по одлуките донесени од Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие одлуки, извршени се над 170 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,150,000 денари.

Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците, велат од ДПИ.

Инспекторите и понатаму се на терен, и постапуваат во согласност со своите надлежности, вршат редовни и вонредни надзори и контроли.

– Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлжени, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката. Дополнително, во секое време им стоиме на располагање на граѓаните. Доколку имаат некое прашање во врска со нашето работење, можат да ни се обратат, а ние соодветно ќе одговориме. Ги охрабруваме граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават кај нас во инспекторатот. Пријавите можат да се поднесуваат по електронски пат, на нашата веб страна https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani/view/form или преку телефон на 02/3162 341, се наведува во соопштението од ДПИ.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

Контрола на увозници на овошје и зеленчук на кванташки

Катерина Павлова-Николовска

Над 20.000 евра казни за трговците кои не ги намалиле цените на овошјето и зеленчукот

Орце Костов