Домашни и странски фирми заинтересирани за инвестирање во зоната во Дојран

Од:

Општина Дојран наскоро ќе добие индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија која ќе се простира на површина од 20 хектари.

Урбанизацијата на просторот на влезот пред Нов Дојран, на кој се планирани 52 парцели за индустриски објекти, е целосно завршена и веќе се работи на инфраструктурното уредување. Во моментот се гради водоводниот систем за кој од општинскиот буџет се издвоени околу 3 милиони денари.

– Градењето и асфалтирањето на патиштата во зоната ќе биде втората фаза за која подготвуваме проект и очекуваме до есен комплетно да ја реализираме. Водевме сметка да го зачуваме Дојран како чиста животна средина така што најголем интерес сега постои за објекти одпреработувачката индустрија, за откупни центри и фабрики за преработка на овошје и зеленчук, како и за отворање млекари и пекари, рече градоначалникот Борче Стамов.

Од општината велат дека домашни и странски фирми пројавиле интерес за инвестирање и дека првиот оглас за продажба на парцели во новата индустриска зона кај Дојран ќе биде објавен до крајот на јуни.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска