Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Од:

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, бара од Министерството за животна средина и просторно планирање во летниот период повторно да почне со работа Хидросистемот „Ѓавато“, од кој до лани се полнеше езерото.

Според Ангов, Дојранското Езеро нема проблем со нивото на водата, кое на некои места ја надминува нулта котата, но во летниот период доаѓа до големо затоплување на водата и испарување, па дотекот на свежа вода е корисен за растителниот и животинскиот свет во Езерото.

-Ние побаравме од ресорното министерство Хидросистемот „Ѓавато“ повторно да биде ставен во функција, односно да биде рестартиран во летниот период за да може да се одржува флората и фауната во Езерото. Се надевам дека нашето барање ќе биде прифатено и во летните месеци ќе имаме дотур на свежа вода во Дојранското Езеро, смета Ангов.

Инаку, Хидросистемот „Ѓавато“, изграден во 2002 година, лани престана да работи поради високите сметки за електрична енергија. Според градоначалникот на Дојран, системот е во добра состојба и ќе може да се рестартира, а и цената на струјата сега е намалена во споредба со лани.

Би можело да ве интересира

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Дојранско не се полни со свежа вода оти годишниот трошок за струја скокнал од 1 на 3,9 милиони евра, за Екологија нема простор за загриженост

ВИДЕО: Три месеци стопиран системот за полнење на Дојранско Езеро, се стравува од нова еколошката катастрофа

Маја Илиевска-Пачемска