ДОМ: Министерството за финансии да го повлече новиот предлог Закон за личен доход

Од:

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до Министерството за финансии да ги преиспита законските измени на Законот за данок на личен доход, односно членот 12 став 1, точка 40 од Законот каде што се предвидуваат дополнителни трошоци за организации кои организираат настани во временски период од над 3 дена кои директно ги засегаат здруженијата на граѓани.

Имено, ако настанот е подолг од 3 дена тогаш би се плаќало личен доход за учесниците за пат, храна и сместување. Ова директно ги засега младинските организации кои и онака со крајни напори обезбедуваат минимални средства во рамки на своите програми и проекти.

МОДОМ апелира да не се отежнуваат и така малите можности на младите за доедукација и неформално образование и предлагаме да се повлече овој дополнителен трошок предвиден во предлог законот.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто