Дојран повторно ќе стане камперска дестинација

Од:

Враќањето на кампинг туризмот ќе биде еден од приоритетите на општина Дојран во настојувањата да се врати како препознатлива туристичка дестинација од времето кога покрај езерото ги имаше познатите кампинзи „Мрдаја“ и  „Ачикот“.

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов вели дека општината интензивно работи на овозможување на камперскиот туризам затоа што поранешните камперски места се нефункционални и голем дел приватизирани.

-Денес не функционира вистински камп од причина што локациите на поранешните кампови или се приватизирани или испреплетени во имотно правни спорови. Како локална власт ги разгледавме можностите и веќе почнавме со подготовки на нови локации за камп населби кои ќе им бидат понудени на заинтересирани инвеститори, рече Стамов.

Мотив за локалната власт во Дојран ќе биде и градењето нови плажи бидејќи новоуредената градска плажа донесе голем број нови туристи на Дојранското Езеро.

Градоначалникот Стамов информира дека се изготвени проекти за уште пет плажи на различни локации кои ќе се уредуваат во иднина.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски