Договорена соработка помеѓу ЕУ и Западен Балкан за управување со границите

Од:

а дводневниот министерски состанок на Европската унија за Западен Балкан, што се одржува во Тирана, европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, потпиша низа договори потврдувајќи ја силната соработка помеѓу Унијата и регионалните партнери во управувањето со границите, борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Комесарот Аврамопулос и партнерите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, потпишаа заеднички акциски план на ЕУ и Западен Балкан за борба против тероризмот, кој поставува конкретни чекори за зајакнување на соработката во борбата против тероризмот и за спречување на радикализацијата во следните две години.

На министерскиот состанок во Тирана потпишан е Договор со кој ќе се овозможи оперативна соработка на Албанија и на Фронтекс. Потпис на документот ставија комесарот Аврамопулос, и министрите за внатрешни работи на Австрија и на Албанија, Херберт Кикел и Фатмир Џафај.

Европската комисија проценува дека тоа е пресвртница кога станува збор за управувањето со границата со Албанија и дека тоа е прв договор од овој тип кој е склучен со третата земја.

Во Тирана, исто така, договорена е засилената соработка помеѓу Албанија и Европскиот центар за следење на наркотици и зависноста од дрога.

На маргините на министерскиот состанок во Тирана, комесарката Вера Јурова, задолжена за правда, присуствуваше на потпишување на Договор, кој треба да ја олесни соработката меѓу албанските судски власти и европските држави во борбата против криминалот.

На министерскиот состанок во Тирана свое обраќање имаше и македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Молотови коктели на протест во Тирана

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан