Договор за пониски цени во роаминг меѓу државите во регионот

Од:

Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина утре во Будва ќе потпишат Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи. Спогодбата во име на македонската Влада ќе ја потпише заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори помеѓу петте држави од регионот.

За примена на спогодбата чија содржина ја договораа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.

Би можело да ве интересира

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Наскоро се укинува роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ од 2023 година

Ана Ололовска