Додека државата прави анализи – буџетот губи, а животната средина го плаќа цехот од малверзации со нафтата за греење

Од:

Додека институциите се уште прават анализи по предлогот за изедначување на акцизите, од пониската акциза на Екстра лесно гориво што се троши како дизел за транспорт државата губи повеќе од 11 денари по литар, а животната средина го плаќа цехот – при согорувањето екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот.

Министерството за финансии се уште е во фаза на подготовка на анализи, по што ќе излезе со конкретен предлог до Владата, најави министерката Нина Ангеловска, прашана каков е ставот по однос на барањето на Стопанската комора за изедначување на акцизата на Екстра лесното гориво со дизелот, со што би се спречиле масовните злоупотреби кои се прават и предизвикуваат дупка во буџетот, но и еколошка штета.

– Дали решението кое што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или ќе биде покачување на цената на нафтата, дополнително ќе излеземе и ќе информираме. Треба да бидеме внимателни, да правиме и да базираме одлуки на анализи, односно во моментот разгледуваме и точно колкаво е користењето на екстралесната нафта, а разгледуваме за сите нафтени деривати што би значело, изјави Ангеловска.

Во кризата во која сме, според Ангеловска, може да се каже дека среќна околност е драстичниот пад на цената на нафтата.

– Зборуваме за пад на малопродажните цени од 20 денари, зборуваме во исто време за важноста на акцизата и приходите по основ на акцизата во буџетот кои што се намаелни поради намалената потрошувачка. Она што е многу важно е дека било кое решение кое ќе го донесеме, нема да биде скроено за да наштети на било кого односно да удри на џебот на граѓаните, изјави Ангеловска.

Статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од 5 милиони литри.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски изедначувањето на акцизата на екстра лесното со дизелот ќе биде од корист на сите, имајќи во предвид дека со злоупотребата некаде во буџетот на државата недостасуваат околу 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Тетовец крадел гориво од автомобили

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

А1он

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

А1он

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

А1он