До 30. април поднесување барања за субвенции за произведено и продадено млеко

Од:

Во тек e поднесувањето барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2012 година, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 отсто за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат до 30 април 2013 во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

Агенцијата воедно ги потсетува земјоделците за можноста да поднесат барање за помош за премии за осигурување за осигурано примарно земјоделско производство, за лозови и овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури и тутун до 2 хектара, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелини семејства.

Висината на поддршката е 60 проценти од трошокот на премијата за осигурување, а барањата се поднесуваат до 30 август во подрачните единици на Министерството за земјоделство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов