„Дита“: ММФ на Албанија ќе и даде помош од 1,3 милијарди евра доколку социјалистите победат на јунските избори

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на новата влада на социјалистите, доколкутие победат на изборите закажани за 23 јуни, ќе и даде помош во износ од 1,3 милијарди евра, тврди албанскиот весник „Дита“.

Според вториот најтиражен весник во земјата, лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама во Скадар имал разговори со претставници на ММФ, на кои ги уверил дека откако ќе ја преземе власта ќе ги обнови односите на Албанија со фондот, прекинати од премиерот Сали Бериша во 2009 година.

Во замена за тоа ММФ сакал на Албанија да и даде 1,3 милијарди евра под форма на помош за намалување на долгот на земјата, пишува весникот.

Албанската влада секоја година трупа дополнителен долг од околу 500 милиони долари за да ги исплаќа каматите од претходните задолжувања на земјата, дополнува весникот, подвлекувајќи дека овие пари се доволни за изградба на нов автопат од Скадар до Валона.

Со помош на ММФ долгот на Албанија може да се намали за околу 200 милиони долари годишно, што можат да бидат искористени за патишта, училишта и други проекти, посочува весникот „Дита“.

Грчката агенција АНА-МПА соопшти дека Социјалистичката партија, која е најголемата опозициска сила во земјата, информирала дека постигнала спогодба со уште 42 партии за формирање на „Алијанса за европска Албанија“. Името на новата алијанса било дадено од лидерот на социјалистите, Еди Рама.

Политичката ситуација во Албанија е доста напрегната по оставката на тројца членови на централната изборна комисија. Тројцата и припаѓаат на опозицијата, која ја обвинува владеачката партија на Сали Бериша дека се обидува по секоја цена да ја контролира оваа комисија и дека го користи државниот апарат за да го фалсификува резултатот од парламентарните избори во јуни.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви