Димитриеска – Кочоска поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на ДИК за унапредување на вработени во Финансии

Од:

Вчера дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на Државната изборна комисија, за унапредување на вработени во Министерството за финансии.

„Сметаме дека Државната изборна комисија неправедно утврди дека одлуките за избор за унапредување на административен службеник, сите од 03.01.2020 година не преставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите, а донесување на одлуките преставува исклучива надлежност на министерот за финансии и дека не постоела можност да се примени одредбата за врзан (заеднички) потпис на одобрување согласно одредбата од член 46 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија.

Државната изборна комисија не даде одговор на аргументите кои беа истакнати во барањето за донесување на одлука, според кои сметаме дека со донесените одлуки се одлучува за кадровски и финансиски прашања поврзани со организација на изборите, па според тоа државниот секретар во Министерството за финансии беше должен истите да ги достави на потпис до дополнителниот заменик министер, но истото не го сторил со што извршил повреда на член 46, став 2, став 3 и став 4 од Законот за Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски