Православните Христијани денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или меѓу народот познат како Голема Богородица.
Успение (Заспивање) на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи христијански празници. Според Библијата, тоа е ден кога божјата мајка на 64-годишна возраст го напуштила земскиот живот и заминала кај сина си. Нејзината смрт била така лесна и блажена, што наликувала на заспивање. Оттука и името Успение (заспивање).
Според Законот, Успение на Пресвета Богородица оваа година се одбележува како државен празник.