Во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде одбележан „Денот на финансиска едукација“.
Целта на настанот е да придонесе кон јакнење на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.
На настанот се поканети претставници од релевантни институции во земјава, ученици од основните и средните училишта, студенти од Економскиот факултет во Скопје и од Центарот за претприемачко учење.
Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација е составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.