Додека секојдневно се зголемуваат цените, особено цената на горивата, која е еден од доминантните фактори за формирање на цените на производите и услугите, Владата ја започнува кампањата за контролирани цени на основните прехранбени производи, тврдат од Демократско движење.
Дека ова е само уште една измама на власта објавена од министерот Крешник Бектеши, велат од ДД, зборуваат економските анализи, бидејќи во основа „чекорите“ за кои предупредува владата немаат економска логика, и ова може да се аргументира вака:
– Ниту една економска мерка не може да ги контролира цените на производите и да ја намали инфлацијата во период од 45 дена, значи неопходно е мерките да бидат од шест месеци до една година. Што ќе се случи кога во екот на зимата ќе престанат мерките и граѓанинот ќе се соочи со неконтролирано поскапување на прехранбените производи, струјата, дрвата, пелетите… Дали власта со вештачки мерки се обидува да ги смири граѓаните за да не излезат на протести, по предупредувањата од повеќе сектори? Целата оваа ситуација докажува дека ниту министерот за финансии Бесими, ниту министерот за економија Бектеши немаат капацитет да ја менаџираат состојбата со инфлацијата. Бидејќи замрзнувањето на цените се случува само во случаи на вонредни кризи, како што беше случајот со пандемијата или енергетската криза. Додека Владата експериментира со континуирани мерки, констатираме дека куповната моќ на граѓаните е намалена за 46 отсто во однос на претходната година, а со тоа, од ден на ден граѓаните ќе продолжат да осиромашуваат – се вели во реакцијата на Демократско движење.