Децата во сиромашни семејства имаат поголем ризик да останат сиромашни, образованието клучно за надминување на оваа ситуација

Од:

Сиромаштијата во земјава контиунирано опаѓа, но детската сиромаштија се намалува побавно од сиромаштијата кај возрасните. Анализите покажуваат дека децата кои живеат во сиромашни семејства и со помалку образовани родители имаат поголем ризик да останат сиромашни и кога ќе пораснат.

Студијата за повеќедимензионална детска сиромаштија, што вечерва беше објавена во рамки на форумот „Сиромаштијата кај децата во Северна Македонија – семејните примања не се единствениот фактор“, покажува дека во последните неколку години земјава бележи значителен напредок во однос на намалувањето на монетарната сиромаштија, но дека намалувањето на детската сиромаштија е со значително помал степен на опаѓање.

Недостигот до образование, економските потешкотии, недостигот на љубов и грижа, насилството во домот и недостигот на слободни активности се посочуваат како главни фактори за повеќедимензионалната детска сиромаштија во земјава, а како клучен фактор за подобрување на состојбата се посочува образованието бидејќи децата кои ќе достигнат повисоко ниво на образование имаат поголеми шанси да излезат од сиромаштија.

Претставничката на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани порачува државата да се стреми кон зголемување на инвестициите во образованието.

– Истражувањето покажува дека ограничениот пристап до образование влијае на повеќедимезионалната детска сиромаштија. Ова е повик за власта и општините да го продолжат трендот на зголемување на пристапот до рано образование. Зголемувањето на пристапот до рано детско образование е најдобра инвестиција што може да ја направиме и да им помогнеме да децата да го остварат својот потенцијал, рече Ди Џовани.

Според неа, државата треба да воспостави повеќедимензионален индекс на детска сиромаштија, а објавувањето на периодичен индекс би им овозможил на креаторите на политики подобро да креираат мерки кои ќе бидат во насока на намалување на детската сиромаштија.

Според претседателот на државата Стево Пендаровски, искоренувањето на детската сиромаштија е постојана борба која мора секојдневно да се води.

– Нема порелевантно мерило за карактерот на едно општество од односот кон неговите најранливи членови. Ако тука не забележиме прогрес, ќе бидеме не само одговорни, туку и виновни за цели генерации со изневерени очекувања. Денешните деца се утрешните наши родители, роднини, работници, работодавачи…рече Пендаровски.

Оцени дека земјава во последните години успеала да ја намали екстремната сиромаштија, но оти сепак далеку сме од целта.

– Во 2019 година пред почетокот на пандемијата, детската сиромаштија претставувала речиси 28 проценти од вкупната сиромаштија во земјата. Повеќе од осум проценти деца до пет години и речиси 12 проценти деца меѓу пет и 17 години се соочуваат со сиромаштија. Податокот дека речиси секое трето сиромашно дете до петгодишна возраст е од романската заедница говори дека една од причините за сиромаштијата е и дискриминацијата, посочи претседателот Пендаровски.

Денешниот форум беше во организација на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и – Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ со цел да се помогне во креирањето на политики со што ќе се подобри социо-економската состојба на децата.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби