Деловната активност во еврозоната во април бележи нов рекорден минимум, што е уште еден знак дека пандемијата со новиот коронавирус предизвикува тешка економска штета во целиот регион.
Според прелиминиарните податоци на аналитичката компанија „ИХС Маркит“ индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) според кој се мери активноста во производствената индустрија и секторот на услуги, овој месец се намали за 13,5 поени.
Овој индекс во март забележа најголем поединечен месечен пад, кога се намали за 29,7 поени.
Вредноста на ПМИ индексот под 50 поени укажува на пад на вкупниот економски раст.
Економијата во еврозоната во април трпи несогледливи штети поради мерките на вонредната состојба со цел да се запре ширењето на висурост, намалената светска потрошувачка и недостиг на персонал и инпут, истакна главниот економист на „ИХС Маркит“, Крис Вилијамсон.
Тој додаде дека во вториот квартл би можел да „забележи најжесток пад во регионот во поновата историја“.
Земјите-членки на еврозоната се меѓу најпогодените со пандемијата со Ковид-19, бидејќи Италија, Шпанија, Франција и Германија се на листат први пет држави во светот по бројот на инфицирани со новиот коронавирус.
Меѓународниот монетарен фонд предвидува пад на економијата во еврозоната за оваа година од 7,5 проценти.