Дејселблум: Спасувачката програма за Кипар може да изнесува помалку од 17 милијарди евра

Од:

Спасувачката програма за излез на Кипар од финансиската криза може да изнесува околу десет милијарди евра, а не, како што досега се тврдеше, дека ќе изнесува 17 милијарди евра, изјави претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум.

Тој наведе дека се погрешни досегашните тврдења дека Кипар ќе доби 17 милијарди евра. Но, не наведе детали за програмата, која утре ќе биде разгледувана.

Дејселблум посочи оти Русија може да помогне многу повеќе отколку досега.

Холандскиот Парламент денеска го одобри учеството на Холандија во спасувачкиот план за Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар