Дебата за поддршката од ЕИБ на економскиот развој на Западен Балкан

Од:

Земјите од регионот треба меѓусебно да се поврзуваат и да соработуваат, да има непречен проток на стоки и луѓе. За поголем економски развој земјите, вклучително и Македонија, треба да работи на зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции, преку изработка на добри реални проекти, но и јакнење на иновативниот капацитет на универзитетите и истражувачките центри, кои во соработка со бизнис центарот ќе можат да дадат позитивен импулс на економијата.

Ова се дел од размислувањата на учесниците на денешната дебата за предизвиците на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во поддршката на економскиот развој на земјите од Западен Балкан, што се одржа на Економскиот факултет во Скопје.

– Најважно е да ја поддржиме натамошната регионална поврзаност на земјите преку поддршка на инфраструктурата, за да може регионот да се интегрира самиот пред да биде дел од ЕУ, рече Дубравка Негре од ЕИБ.

Додаде дека Банката дава поддршка и за малите и средните компании, и оти тоа се всушност бизнисите на кои им треба пристап до средства.

Таа смета дека за развој на економијата е потребна подобра реализација на капиталните инвестиции со цел да се оствари планираниот раст, бидејќи како што рече, тие се многу значајни во стимулирањето на економскиот раст.

Според неа, има позитивни импулси кои упатуваат дека е можно да се покаже ниското ниво на искористеност на средствата за капитални инвестиции забележано во првите три месеци од годината. Вели и дека за да има добра искористеност на средствата се потребни добри проекти, бидејќи има многу расположливи средства од ЕУ фондовите, преку кои може да се помогне и поттикне јавната потрошувачка.

Даниела Мамучевска, раководител Центарот за податоци и информации на ЕУ, се согласува со ставот дека добрите проекти се од исклучителна важност за реализација на инвестициите.

– Целокупната финансика поддршка и експертиза што ја дава ЕИБ досега е од големо значење за земјава. Но, во иднина треба да научиме тоа да го кренеме на ниво на одржливост и да го задржиме тоа ниво. Треба да го развиваме нашиот капацитет како држава, да ги јакнеме нашите истражувачки капацитети во насока да создаваме идеи за проекти што ќе го јакнат иновативниот капацитет, и на универзитетите и на истражувачките центри, а потоа во соработка со бизнис заедницата да можат овие ефекти на долг рок да бидат преточени во конкретен раст и развој на нашата економија. Тоа е предизвикот со кој се соочуваме, рече Мамучевска.

Настанот го организира Центарот за податоци и информации на ЕУ на Економскиот факултет во Скопје во рамки на одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа и по повод 60-годишнината од формирањето на Европската инвестициска банка.

Би можело да ве интересира

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Ана Ололовска

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта

Жарко Настоски

Заев – Павлова: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Ана Ололовска