ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта

Од:

Европа треба да сфати дека нејзината иднина веќе не е во фосилни горива, изјави денеска претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хоер, презентирајќи ги резултатите на банката за 2020 година.

– Благо кажано, со гасот е завршено, рече доктор Хоер на прес-конференција за годишните резултати на ЕИБ.

– Ова е сериозно отстапување од минатото, но без крај на употребата на фосилни горива, чии резерви се конечни, нема да можеме да ги постигнеме климатските цели, додаде тој.

ЕУ има за цел да достигне нулта емисија до 2050 година и се очекува да донесе нова цел за намалување на јаглеродот од-55 проценти до 2030 година. Сепак, гасот останува сива зона, а Европската комисија вели дека на земјите-членки кои сè уште се зависни од јаглен им треба помош за да се оддалечат од фосилните горива.

Согласно климатската мапа објавен во 2020 година, ЕИБ планира да насочи 50 отсто од својата работа на поддршка на климата и одржливоста на животната средина, издвојувајќи еден трилион евра за зелени финансии до 2030 година. Исто така, гарантира дека целата во согласност со Парискиот договор.

Би можело да ве интересира

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Ана Ололовска

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

Заев – Павлова: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Ана Ололовска

ЕИБ планира еден билион евра „зелени“ инвестиции

Жарко Настоски