Дебар првпат доби рибарница

Од:

Во Дебар првпат се отвори продавница за свежа риба. Сопственик е новиот концесионер на Дебарското Езеро, ЗЗ „Охридска пастрмка“ од Струга.

– Освен економските ефекти од стопанисувањето со езерото, неопходно беше на дебрани да им нудиме свежа риба од нивното езеро што досега недостасуваше. Секојденвно рибарницата ја снабдуваме со автохтона пастрмка, крап, клен, мренка, па дури и јагула, вели новиот газда на езерото Пепи Винца.

Освен економскиот риболов, согласно договорт за концесија со Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, преземени се и други активности околу заштитата и збогатувањето на рибниот фонд на езерото.

Во првата фаза, како што истакна Винца, езерото е порибено со 250 килограми подмладок на автохтона пастрмка, а набрзо ќе биде порибено и со подмладок на јагула и крап. Порибувањето секоја година ќе биде според планот. Концесијата стружани ја имаат за наредните пет години.

Во рамки на досега преземените активности и воспоставувањето рибочуварска служба, елиминирано е рибократството.

Би можело да ве интересира

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска

Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки крап и пастрмка

Ана Ололовска

Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Ана Ололовска

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

А1он

МЗШВ: Донесени забрани за риболов заради непречен природен мрест на рибите

Ана Ололовска

Бабовски: На располагање нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Ана Ололовска