Цветков: Се прават максимални напори за исплата на субвенциите

Од:

Се прават максимални напори за исплата на субвенциите. Проблемот настана поради законската регулатива, но ние ги имаме потребните 100 милиони евра, документите се подготвени и во моментот кога ќе се каже дека нема законски пречки, веднаш може да се пристапи кон исплата на субвенциите, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по денешната средба со земјоделските здруженија.

Ако се распишат предвремени избори, смета Цветков, веднаш може да се исплаќаат субвенции, но со локалните избори тоа не е случај зашто не е формирана влада.

– Неисплатата на субвенциите ќе се одрази во сите сектори од земјоделството, градинарство, сточарство, овоштарство, поледелство… Производителите се гневни, за да имаат успешна година треба навреме да набават ѓубрива, нафта, семиња,… Ако не ги добијат субвенциите, ќе имаат проблем со производството, а конкуренцијата е се поголема, сите околни земји го развиваат секторот. Нереализирањето на поддршката ќе значи и дека ќе се очекува помало производство. Затоа мора да најдеме решение за побрза исплата на земјоделците, напомена Цветков.

Според него, проблемот е што субвенциите се опфатени со четири закони. Законот за земјоделство и рурален развој вели дека Министерството е должно субвенциите да ги исплати во тековната година или најдоцна до 30 јуни наредната, но според Изборниот законик, 20 дена пред почеток на кампања и до формирање влада не може да се исплаќаат субвенции. Кривичниот закон, пак, предвидуваа санкции ако раководителот го прекрши овој закон. Субвенциите се регулирани и со антикорпуцискиот закон.

– Овој проблем го ставив на дневен ред на влада. Расправавме по ова прашање, претседателот на антикорупциска се задолжи да ги анализира сите овие закони да се види дали има можност да се исплатат субвенциите, рече Цветков.

Законот за избори, каков што е сега, посочи, се направи со измени на барање на опозицијата која обвинуваше дека субвенциите се исплаќаат пред самите избори. – Но, ваквото решение се покажа лошо и во минатиот период не го почувствуваме зашто брзо се формираше влада. Сега гледаме дека земјоделството без субвенции тешко може да опстојува, затоа мораме да најдеме решение што побрзо, додаде министерот.

Земјоделците, како што истакнаа, ќе организираат протести ако до петок не добијат потврден одговор за исплата на субвенциите. Потребни им се, рекоа, пари за пролетната сеидба, за набавка на ѓубрива, нафта, семиња,… За понеделник најавуваат уште една средба во Министерството.

Претседателот на синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион Ристо Велков цени дека не постојат законски проблеми за исплата на субвенциите. – Неопходни ни се средства за новиот турнус на производство особено што лани во февруари сите субвенции беа исплатени, подвлече Велков.

Според претседателот на Сојузот на лозари „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов, земјоделците треба да си го решат сами проблемот.

– Одлучивме до петок да почекаме МЗШВ да донесе решение за исплата на субвенциите. Ако тоа не се случи, повторно ќе се собереме во понеделник и ќе донесеме конечна одлука која може да биде непопуларна, но еднаш засекогаш мора да го решиме проблемот. Размислуваме за протетсти, но допрва ќе одлучиме какви, укажа Аризанов.

Засега, рече, влада можеби нема да се формира уште два, три или пет месеци, а земјоделците мора да работат, не може да чекаат. Не може да сеат во јуни, туку мора сега во март-април.

Никола Стаменов од Федерација на фармери е оптимист дека ќе добијат позитивен одговор од владата и дека во понеделник ќе знае кога ќе почне исплатата на субвенциите. – Ако одговорот е негативен, дека нема начин и услови за исплата, ќе ги договриме следните чекори, додаде Стаменов.

На денешната средба со министерот присуствуваа претставници од сите земјоделски здруженија, директорот на Инспекторатот и на Платежната агенција.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов