„Цунами“ од даноци го зафати Кипар

Од:

Новата година за Кипар почнува со бран од покачувања на цените на произвидите и со зголемени даноци, бидејќи од 1. јануари на островот скокнаа цените на горивата и Данокот на додадена вредност, соопштуваат весниците во Никозија.

Промените во даноците се на барање на Тројката меѓународни кредитори, од кои островската држава очекува финансиска инјекција за да се справи со должничката криза.

Весникот „Филелефтерос“ пишува дека Кипарците ќе го почувствуваат поскапувањето од скокот на специјалниот данок врз прозиводите и од зголемувањето цената на дизел горивото.

Трошоците за горива ќе се почувствуваат уште повеќе, откако на 14. јануари од 17 на 18 отсто ќе скокне и ставката на Данокот на додадена вредност.

Данокот врз производите расте за алкохолните пијалоци, со исклучок на виното. Со 18 отсто ДДВ ќе бидат обременувани сите стоки со исклучок на храната и лекарствата, за кои станува данокот од пет проценти.

Другата голема промена за Кипарците од Нова година се однесува на пензискиот систем во државниот сектор и посебно за даваните обештетувања при пензионирањето. До крајот на 2016 година се замрзнува социјалната пензија и таа останува на 336,28 евра. 

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар