„ЧЕЗ“ покрена меѓународна арбитража против Албанија

Од:

Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“, денеска на својата Интернет страница објави дека официјално покренала меѓународна арбитража против Албанија, јави дописникот на МИА од Прага.

Компанијата ја информирала албанската страна за одлуката да поднесе тужба до Меѓународниот арбитражен суд и да побара оштета за штетите предизвикани од „незаштитената инвестиција“ во албанската компанија на „ЧЕЗ“.

Лиценцата на „ЧЕЗ“ беше одземена од Албанското регулаторно тело во јануари поради „непридржување кон договорот со Владата на Албанија“ и тогаш се зборуваше дека оштетното побарување на компанијата ќе изнесува 200 милијарди евра.

Според комисијата, „ЧЕЗ“ не ги исполнила обврските од договорот што се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем и најави побарување за отштета.

– Според портпаролката на чешката електродистрибуција, Барбора Пулпинова сумата која се бара како надомест на посочената штетa се уште не е наведена, но и дека тужбата не ја исклучува можноста за евентуална вонсудска спогодба.

„ЧЕЗ“ во Албанија влезе во 2009 година, кога за околу 102 милиони евра откупи 76 проценти од тамошниот дистрибутер на електрична енергија.

Проблемите започнаа минатата година, кога Регулаторно тело на Албанија речиси двојно ги зголеми тарифите кои компанијата требаше да ги плаќа на државната електроенергетска компанија.

Претходно, се зборуваше дека повеќе албански фирми и домаќинства имаат огромни стомилионски долгови кон чешката компанија, но ситуацијата се влоши кога „ЧЕЗ“ започна со исклучување на локалните водоводи од електричната мрежа, кои користеле струја на „црно“.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ