Македонската берза денеска го започна четвртиот циклус на едукативната игра во рамките на проектот „Виртуелна берза“.
Од Берзата информираат дека Виртуелната берза претставува игра на знаење преку која учесниците стекнуваат искуство од областа на тргувањето со хартии од вредност. Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза, бидејќи со виртуелни пари се купуваат и продаваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза.
Покрај едукативниот карактер, оваа игра има за цел кај секој учесник да стимулира остварување најголем профит при тргувањето во виртуелниот берзански свет.
Учесниците во играта имаат можност да го вреднуваат своето вистинско портфолио остварено од тргувањето на Македонската берза.