Цената на златото достигна нов историски максимум

Од:

Цената на златото за прв пат надмина 4.000 долари за унца, поттикната од загриженоста на инвеститорите за влошувањето на фискалната состојба во Соединетите Американски Држави и привременото затворање на американската влада, објави Блумберг.

Златото денес достигна 4.010,84 долари за унца, што е зголемување од 0,7 проценти.

Скокот на цената дојде по повеќемесечниот раст во кој цените на златото пораснаа за повеќе од 50 проценти од почетокот на годината.

Експертите велат дека клучните фактори зад порастот се неизвесноста во глобалната трговија, загриженоста за независноста на Федералните резерви, слабостите во фискалната политика на САД и зголемените геополитички тензии.

– Ова пробивање на нивото од 4.000 долари не е само резултат на стравот, туку и на прераспределбата на капиталот. „Во време кога економските податоци покажуваат стагнација, а Фед сигнализира намалување на каматните стапки, реалните приноси паѓаат, додека берзите, особено во секторот за вештачка интелигенција, изгледаат пренадуени“, рече Чару Чанана, стратег во „Саксо капитал маркетс“.

Би можело да ве интересира

Над еден килограм златен накит без жиг е одземен од гостиварски златар

Горан Наумовски

Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви

Цената на нафтата „Брент“ е 73 долари – паѓаат и цените на златото и пченицата

Службеник на ЦИА украде злато и милиони долари во кеш

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски

Цената на златото достигна нов рекорд

А1он