Цената на нафтата падна на најниско ниво од јануари

Од:

Цената на нафтата минатата недела падна, четврти пат по ред, спуштајќи се на најниско ниво во последните осум месеци, бидејќи централните банки ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, што може да предизвика рецесија, а со тоа и пад на побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се лизна за 5,7 отсто, на 86,15 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 7,5 отсто, на 78,75 долари.

Падот на цените на најниско ниво од средината на јануари е последица на забавувањето на растот на најголемите светски економии и зголемениот ризик од рецесија. Поради високата инфлација, централните банки ги зголемуваат каматните стапки, што го забавува растот на економиите и со тоа ја ослабува побарувачката за енергетски производи.

Минатата недела американските и швајцарските централни банки ги зголемија клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, а британските и норвешките централни банки за половина поен.

На цената на нафтата негативно влијаеше и зајакнувањето на доларот. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 3 отсто и достигна ново највисоко ниво во последните 20 години. А тоа ја прави нафтата поскапа за купувачите во други валути, а со тоа негативно се одразува на побарувачката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

A1on

Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Цените на нафтата благо пораснаа