ЦЕА: Пензискиот фонд ќе создава вишоци од 2030 година

Од:

Професорот Мирољуб Шукаров денеска ги презентираше резултатите од симулации направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем. Тој кажа депа првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), туку ќе може сам да се одржува и да создава вишоци.

Презентацијата беше во рамките на анализата на Центарот за економски анализи (ЦЕА), а Шукаров кажа дека ако сите трендови во однос на вработеност, број на пензионери, висина на плати и пензии, економски раст, демографски тенденции итн останат непроменети до 2030 година, ПИОМ би генерирал вишок од околу 130 милиони евра годишно.

– Пензискиот фонд не само што е одржлив, туку може да создава и вишоци. Во буџетот би имало екстра прилив, но доколку продолжат сегашните трендови, рече Шукаров.

Тој кажа дека симулациите покажале дека состојбите би биле уште подобри доколку се земат оптимални услови на поголем економски раст со отворање нови работни места, а ниту една од нив не покажала дека системот може да крахира.

Пресметките покажале дека стабилизирање на Фондот може да се очекува во 2027 година кога прелевањето пари од државната во касата на Фондот би се сведило на нула, а потоа посетепено ќе се создавале вишоци.

– Затоа треба да се размислува што со Пензискиот фонд кога тој ќе почне да создава вишоци, а државата нема да има потреба да издвојува пари за полнење на пензискиот буџет. Треба да се размислува дали Фондот ќе се продава или да се формира посебен инвестициски фонд кој ќе ги инвестира парите кои ќе бидат вишок, смета Шукаров.

Растот на економијата, според него е најдоброто решение доколку се сака побрзо санирање на пензискиот систем, бидејќи раст од 5 отсто би значело и целосно решавање на проблемот.

Ивана Велковска од Центарот за економски анализи, го дели ставот на професорот дека економскиот раст и отворањето работни места, но не само во ниско платените гранки, е најдоброто решение.

– Ако бројот на вработени се зголеми за 6,2 отсто годишно следните шест години што е два пати повеќе од досегашниот раст на вработените, тогаш учеството на пари од буџетот во пензискиот фонд ќе се намалува постепено и во 2022 година повеќе нема да биде потребно издвојување дополнителни средства од буџетот. Ако остане истата стапка на раст на вработените од 3,1 отсто тогаш за шест години, ако нема раст на пензионерите и трошоците на Фондот, тогаш може да се очекува подобрување на одржливоста на Фондот за шест години, рече Велковска.

Би можело да ве интересира

Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Фонд на ПИОСМ: Сите кои земаат пензија во Еуростандард банка да достават известување преку која банка да им се врши исплатата

А1он

Линдон Бериша мислеше дека никој нема да забележи, но…

Ана Ололовска

МАКАМТРАНС и НСГРИТГ загрижени за состојбата на пензискиот фонд

Ана Ололовска

МАПАС: Продажбата на НЛБ пензиски фонд нема да влијае на функционирањето на друштвото

Ана Ололовска