„CareerLaunch“: Паралелно да се работи и да се студира

Од:

Задоволството, искуството, глобалното дружење и заработувачката, се само некои од придобивките на отворањето и развивањето старт-ап бизниси, сметаат младите претприемачи, учесници на годинашниот Саем за кариера „CareerLaunch“.

Според нив, треба да се надмине размислувањето дека е подобро најпрво да се заврши факултет, а потоа да се бара работа. Може паралелно да се работи и да се студира зашто работењето дава друга димензија која студиите не ја нудат.

„CareerLaunch“ се одржува денеска и утре во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје и на него учествуваат преку 20 компании кои нудат над 70 вработувања главно од областа на маркетингот и ИТ секторот.

– Старт-ап заедницата нуди многу добри можности за вработување што им одговараат најмногу на младите пред се поради флексибилното работно време, различната атмосфера, поинаква од онаа во големите корпорации, изјави Форсина Кузмановска од Системс фор ентерпрајз, иновативен центар кој изработува софтверски решенија за осигурителната индустрија.

Засега најбарани и најзастапени во старт-ап бизнисите се програмерите, посебно развивачите на софтвери.

– Тука сме за да се дружиме и за да си најдеме нови колеги. Од август 2015 кога ја формиравме компанијата, драстично се шириме и има нудиме многу нови вработувања, нагласи Кузмановска и додаде дека отворањето старт-ап компанија е тежок процес кој бара огромна жртва, но, придобивките, како што рече, се уште поголеми.

Нина Николиќ од Еко систем фасилитатор на Швајцарската програма за претприемништво информира дека во Македонија има повеќе од 100 старт-ап бизниси.

– Работиме на менување на начинот на размислување, да не се мисли веќе дека треба да се заврши факултет и да се најде работа во некоја голема компанија, туку дека може, ако се собере вистинскиот тим, да се почне свој бизнис кој ќе биде иновативен и компетитивен на пазарот, потенцира Николиќ.

Сакаме, дополни, да стимулираме нови вработувања во старт-ап бизнисите и да ги мотивираме младите да почнат свој бизнис, а потоа да вработуваат други луѓе.

„CareerLaunch“ го организира Summer Work & Travel Alumni Macedonia, во соработка со Младинскиот инфо клуб – Скопје. Пред почетокот, го поздравија амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и преставникот од УНДП за Македонија Луиза Винтон.

– Овој настан е уште една потврда дека е сосема возможно да почнете бизнис и кариера тука. Некогаш е полесно да се оди и да се бара работа надвор, но има можности и тука, само, потребна е мрежа, начини да се видат тие можности. Луѓето се соочуваат со предизвици, но имаат и успеси. Многу, пак, преземаат ризици што е одлично, истакна Бејли.

Македонскиот претприемачки систем се развива, оцени Бејли, посочувајќи дека минатата година кога саемот се одржа првпат, се нудеа помалку работни места, а сега бројката е двојно зголемена.

Како што напоменаа организаторите, „CareerLaunch“ е одлична можност за младите, им овозможува да пронајдат каде и што сакаат да работат.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он