Булц-Сугарески: Железничкото поврзување клучно за развој на регионот

Од:

Државите од Западен Балкан да ги интезивираат активностите за железничко поврзување и максимално да ги искористат парите од европските фондови за таа намена, порачаа по денешната средба во Скопје министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и еврокомесарката за транпорт Виолета Булц.

Сугарески и Булц разговарале за железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија, најголем проект што се реализира по потпишувањето на Договорот за траспортна заедница со кој беа одвоени 70 милиони евра за втората делница на потегот од Бељаковце до Крива Паланка.

– Една од темите на разговор беше максимално да се забрза изградбата во тој дел. Таму имаше проблем со експропријацијата што добар дел ги надминавме и почнавме процес со преткфалификација што е врзано со овие 70 милиони евра со цел да ја забрзаме динимаиккта на работа, рече Сугарески по билатералната средба со Булц на маргините на шестиот Самит 100.

Потенцира дека е основно да се динамизира процесот со оглед дека третата делница, од Крива Паланка до Бугарија, е најкомплицирана и најскапа иако е со најмалку километри. Крајниот рок за комплетно железничко поврзување со соседна Бугарија е од 2025 до 2027 година.

Како што укажа, особено е важно максимално да се искористат финансисиите што се на располагање за железничката делница Битола – Кременица за поврзување со Грција. За тој дел од пругата до крајот на годината треба да се склучи договор со изведувачот и максимално да се работи, за да не ги изгубиме средствата од ИПА и да може до крајот на годината да имаме железничка пруга до грчка граница, рече Сугарески.

Еврокомесарката Булц порача дека без меѓугранично транспорно поврзување не е можно да се развива заедничката економска средина на шесте држави од Западен Балкан.

– Железницата е најдобар начин да се оди напред, бидејќи во истовреме ги испорачувате барањата за меѓусебно усогласување за класичниот патен транспорт. Мило ми е што железницата е клучен приоритет, рече Булц.

Таа гледа посветенот кај сите министри за транспорт од регионот по потпишување на Договорот за транспортна заедница што следеше по 10-годишни преговори. Верува дека тоа ќе помогне за спроведување на потребните транспортни проекти, а особено меѓуграничните.

– Инвестициите во инфраструктурата се многу значајни бидејќи секој процент вложен во инфраструктурата значи 2,4 проценти потенцијален раст на БДП во наредните четири години. Затоа инвестициите во инфраструктурата се битни за сите држави од Западен Балкан и се надевам дека наскоро ќе видиме некој резултат покрај потпишувањето на договорот, рече еврокомесарката за за транпорт Виолета Булц.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска