Бритиш Ервејз ја продава уметничката колекција за да го ублажи ударот од пандемијата

Од:

Авиокомпанијата Бритиш Ервејз ќе продава некои предмети од својата уметничка колекција вредна неколку милиони фунти, со цел да собере пари за закрепнување по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Колекцијата опфаќа дела од сликарите Демиен Хирст, Бриџит Рајли и Питер Доџ, а меѓу нив се проценува дека има дела вредни повеќе од милион фунти.

Би-Би-Си  претпоставува дека во продажбата ќе бидат пуштени најмалку 10 уметнички дела, иако не се знае точно кои. Делата ќе се најдат на аукција во аукциската куќа Сотби.

Поради прекинот на воздушниот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот „Бритиш Ервејз“ доживува големи финансиски проблеми.

Директорот Алекс Круз минатата недела предупреди дека опстанокот на авио-компанијата ќе биде загрозен доколку не се направи значајно деловно реструктуирање.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски