Британците го бојкотираат „Амазон“

Од:

Британскиот Комитетот за надзор на јавната потрошувачка ги повикаа купувачите во земјата да ја бојкотираат работата на американската компанија за трговија преку интернет „Амазон“.

Причина за ваквата постапка на комисијата е малата сума на платен данок на компанијата. Минатата година „Амазон“ плати данок од само 4,2 милиони фунти и покрај продадената стока во вредност од 4,3 милијарди фунти.

Претседателката на Комитетот за надзор на јавната потрошувачка, Маргарет Ноџ, побара од купувачите да најдат алтернатива, а „Амазон“ мора да плати реална сума на данок. Според неа, Амазон заработува на неплаќање данок и затоа бара од купувачите да одберат друга компанија, преку која ќе купуваат од интернет.

„Амазон“ во последната деценија платил само десет милиони фунти на име данок, а само во последните четири години оваа компанија во Британија остварила приход од продажба од 23 милијарди фунти.

Компанијата има можност да плаќа понизок данок, затоа што кога купувачите во Европа купуваат од некоја локална интернет страница, плаќањето се одвива преку подружницата на Амазон, која се наоѓа во Луксембург, земја која има ниски даночни стапки.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он