Бразил ќе избрише долг од 900 милиони долари на државите од Африка

Од:

Бразил ќе го избрише долгот од 900 милиони долари на африканските држави, најавија бразилските власти во тек на прославата на пеесетгодишнината на Африканската унија.

-Стратегија на бразилската политика е реализација на специјални врски со Африка, објасни портпаролот на бразилската претседателка Дилме Русеф Томас Трауман, во Адис Абеба.

Најголема корист од оваа мерка која опфаќа 12 африкански држави, ќе има Конго кој должи од 352 милиони долари како и Танзанија која што на Бразил му должи 237 милиони долари.

Претставник на владата појасни дека Бразил се одлучил на ваков чекор за да ги динамизира економските односи помеѓу Бразил и Африка, која бележи најголем стопански раст во светот.

Трговската размена помеѓу Бразил и Африка во 2012 година достигна 25 милијарди долари.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски