Боинг: Можеме да го преземеме Ембраер и дополнително да инвестираме

Од:

Американскиот авионски гигант Боинг информираше дека преговорите за преземање на бразилската компанија Ембраер напредуваат добро, и дека има доволно средства да го изврши планираното преземање, и да продолжи да инвестира во технолошки развој и исплаќање на дивидендите.

– Не само што сме во можност да вршиме преземања на компании какви што е Ембраер, туку можеме да го сториме тоа по желба, изјави директорот на Боинг Денис Муиленбург.

Се проценува дека бразилската компанија е вредна меѓу 5 и 6 милијарди долари. Боинг информираше дека има 15 милијарди долари на располагање кои може да ги искористи за преземање компании, за неопходните инвестиции во идниот технолошки развој и за исплата на дивиденди на акционерите.

Муиленбург изјави дека зделката со Ембраер не е нешто што Боинг мора да го реализира, но дека преговорите напредуваат добро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

Почина уште еден „свиркач“ од „Боинг“ – беше отпуштен откако предупреди за безбедносни пропусти на „737 MAX“

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он