„Боинг“ и „Ербас“ си го решија трговскиот спор, Бајден е задоволен

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го поздрави „големиот напредок“ во трговскиот спор меѓу „Боинг“ и „Ербас“ и договорот со Европската унија за борбата против кинеските „непазарни“ практики.

Договорот со Европската унија беше објавен по денешните преговори во Брисел.

-САД и Европската унија се согласија да ги суспендираат тарифите за пет години и ние сме посветени на обезбедувањето еднакви услови за нашите компании и за нашите работници, рече Бајден.

„Значајно е, додаде тој, што се согласивме, исто така, да работиме заедно за да се спротивставиме и да се бориме против кинеските непазарни практики, во овој сектор што им дава на кинеските компании нефер предност“.

Бајден кажа дека САД и ЕУ ќе работат заедно на специфични начини, вклучително и домашни и странски инвестиции и трансфер на технологија.

-Тоа е модел што можеме да го градиме за другите предизвици на кинескиот економски модел, рече тој.

Американскиот претседател, исто така, денеска истакна дека „вредностите, како што се конкурентноста и транспарентноста“, што ги споделуваат САД и ЕУ, сите демократиите ги направија посилни.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти