Богатството на Безос премина 100 милијарди долари

Од:

Богатството на основачот на интернет-страницата „Амазон“, Џеф Безос премина 100 милијарди долари, објави „Блумберг“.

Според најновата листа, Безос е најбогат човек на светот со 105,1 милијарди долари, а зголемувањето на цената на акциите на „Амазон“ е причина за последниот раст на неговото богатство.

Претходно во 1999 година, Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ се искачи нешто над 100 милијарди долари.

Според рејтингот на магазинот „Форбс“, богатството на Безос изнесува 104,4 милијарди долари, но и тоа е доволно за да се прекине рекордот што го постави сопственикот на „Мајкрософт“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Штрајк на вработени во Амазон во Германија

Италијанскиот пазарен регулатор го казни Амазон со 1,13 милијарди евра

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Ана Ололовска