Бочварски: Не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д.

– Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста, рече Бочварски.

Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект.

– Компанијата започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно, за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар квалитетен изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа после одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и ќе биде целиот процес под контролата на државата,потенцира Бочварски.

Би можело да ве интересира

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов