Бочварски на средба со Мацола побара европска поддршка за инфраструктурните проекти во железницата

Од:

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска на средба со Алберто Мацола, извршен директор на Заедницата на европските железници, ги потенцираше проектите за изградба на источниот дел од железничкиот Коридор 8 и побара поддршка од европските партнери за доизградба и на пругата во западниот дел на овој коридор и поврзување со Албанија.

На средбата, на која присуствуваше и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, се разговараше за инвестициската политика на Северна Македонија во железничката инфраструктура и регионалното поврзување.

-Средбата беше од исклучително значење во насока на поддршка за развој на железнчкиот систем во државата. Регионалното поврзување е од стратешко значење за Република Северна Македонија и затоа побаравме од нашите пријатели од Европа да не поддржат во доизградба на Коридор 8. Остануваме сериозно посветени на изградба на пругата кон Бугарија. Предизвикот останува во ова време на економска криза да ги реализираме сите инвестициски планови во делот на железницата, истакна министерот Бочварски.

Како што информира Министеството за транспорт и врски, на средбата е истакнато дека Владата работи на развојот на железничкиот систем во државата, притоа започнувајќи го процесот на усогласување на домашната легислатива со европското законодавство.

На источното крило на железничкиот Коридор 8 на крајот на октомври лани по повеќе од две години пауза повторно има активности за првите две од вкупно трите планирани делници на пругата кон Бугарија. Трите проектирани делници на источното крило на Коридорот 8 се со вкупна должина од 89 километри (од Куманово до Бељаковце 31 километар, од Бељаковце до Крива Паланка 34 и од Крива Паланка до граница со Бугарија 24 километри). Проектираната пруга на западното крило на потегот од Кичево до границата со Албанија е 63 километри. Проектната документација за изградба на оваа пругата беше изготвена во 2017 година, а вкупната вредност е проценета на околу 500 милиони евра.Планот на домашните институции е источното железничко крило на Коридорот 8 да го завршиме до 2027 година, а западното до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска