Битиќи најави нови мерки за помош на угостителите

Од:

Оние економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нови мерки, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во објава на Фејсбук.

– Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет, наведува вицепремиерот Битиќи во објавата.

Тој посочува дека, како и во вонредната состојба, оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час, со соодветни дозволи за движење.

– Дополнително, во текот на денот можат да продаваат храна и пијалови од шалтер (take away или to go) без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, додава вицепремиерот Битиќи.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Битиќи: Ако е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

Ана Ололовска

Во Кичево преполовен прометот на угостителите, дел од вработените на привремен одмор

А1он

Стопанската комора бара поддршка за туристичко-угостителскиот сектор и средба со Битиќи, Бектеши и Филипче

Ана Ололовска

За 30 отсто намален прометот на угостителите, бараат измени на најновите КОВИД мерки

Ана Ололовска