Бислимовски: Секретарјатот на Енергетската заедница петта година по ред ја оцени РКЕ за најдобар регулатор

Од:

Петта година по ред Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е оценета со прво место за најдобар регулатор од страна на Секретаријатот на енергетската заедница. Во Годишниот извештај за 2022 година РКЕ е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Црна Гора и Грузија со 80 % спроведени реформски процеси. Рангирањето за најдобар регулатор е во конкуренција на мониторирани вкупно девет регулатори и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина информираат од РКЕ.

Од таму велата дека во Извештајот на Енергетска заедница се посочуваат како проблематични сложените постапките за нови вработувања поради потребата за одобрување на годишниот план за вработување од страна на надлежните институции и барањето за спроведување на долготрајни постапки за избор.

Дополнително велат во РКЕ во Извештајот е потенцирано како загрижувачко мешањето (интервенциите) на Народниот правобранител во независната работа на Регулаторот во поглед на начинот и висината на одредувањето на тарифите.

„Петта година по ред како раководам со тимот кој носи резултат и истиот е верификуван преку меѓународни признанија. Валоризацијата на работата од Енергетска заедница е дополнителен мотив да опстоиме во независноста, автономноста и интегритетот кој заедно со вработените го градиме. Единствено што е тажно, ако можам така да го дефинирам човечки е тоа што и меѓународните институции ги детектираат обидите за нарушување на нашиот интегритет од страна на т.н експерти кои даваат мислења и ставови по прашања за кои немаат надлежност, а ни основно познавање, туку само сакаат да постигнат публицитет“ изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во следниот период РКЕ ќе се посвети на спроведувањето на Мрежните правила за електрична енергија и природен гас, коишто се транспонирани во националните мрежни правила од страна на операторите на соодветните системи, и како и ќе презема мерки за целосно спроведување на Регулативата за транспарентност на електрична енергија. Исто така врз основа на законските надлежности, РКЕ ќе подготви подзаконски правила за транспонирање на Регулативата на РЕМИТ се наведува во соопштението од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Скопјани ќе плаќаат 29,5 денари месечно повеќе ако ЈП Водовод ја прифати максималната тарифа на Регулаторна

Орце Костов

РКЕ ја намали цената на струјата за да не се почувствува враќањето на ДДВ од пет на десет отсто

Орце Костов

Бислимоски: Ако училиштата се вратат на регуларниот пазар, маржата за ЕВН ќе се зголеми за пет до седум милиони евра

Орце Костов

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Павлова-Николовска

Речиси сите домаќинства кои се греат на струја ќе се најдат во третиот блок од 630 до 1050 киловат часови

Орце Костов

Од полноќ дизелот поскап за 10, бензинот за 5 и пол денари

А1он