Бислимоски: Почнува постапката за издавање лиценца на ГЕС

Од:

Градски енергетски системи (ГЕС) вчера поднесе барање за лиценца за дистрибуција со топлинска енергија до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со што и официјално почнува постапката. Пред издавање на лиценцата, РКЕ ќе има постапка за одземање на лиценцата на Балкан енерџи груп (БЕГ) дистрибуција доколку се исполнети условите за тоа, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој најави дека во наредниот период ќе организираат состаноци со БЕГ и со ПУИК како друга страна во договорот. За текот на целата постапка вети максимална транспарентност, за, како што вели, да нема сомнежи кај граѓаните или инстититуциите.

Клучно, истакна, е да се обебзеди сигурност во снабдувањето со топлинска енергија на Град Скопје.

-Сакаме да имаме кристално чиста постапка со цел да обезбедиме сигурност во снабдувањето со топлинска енергија. Покрај подзаконските акти во делот на издавањето лиценци, како и Законот за енергетика, каде што се јасно дефинирани многу работи, една работа по која што ќе се водиме и на која што ќе инсистираме е сигурност во снабдувањето со топлинска енергија. Потрошувачите во Град Скопје, кои моментно се приклучени на системот на БЕГ да бидат сигурни и да не се грижат дека ќе имаат каков било прекин во снабдувањето со топлинска енергија, рече Бислимоски.

Според него, ако се функционира како што треба, постапката за издавање на лиценцата би траела 45 до 60 дена. Лиценцата што би се издала на ГЕС ќе биде условена, односно за да почат да работат ќе треба да ја уверат РКЕ дека имаат доволен број вработени и содветен кадар за дејноста.

Балкан енерџи груп, појасни, ќе работи се додека има лиценца за вршење дејност.

– Претпоставувам дека луѓето што работат таму ќе бидат преземени од ГЕС, рече претседателот на РКЕ, одговарајќи на новинарски прашања.

По поплаки од жители на Железара и Автокоманда во Општина Гази Баба за високи сметки за парно за септември утврдени се пропусти при изготвување на фактурите и ќе имм бидат испорачани нови. Покрај за септември во сметката се исфактурирани и последните пет дена од август, а не е земена во предвид и одлуката на РКЕ за намалување на цената овие потрошувачи за 13 проценти.

– Фактурите за септември кои се повисоки од тоа што определи РКЕ бидејќи се однесуваат на подолг период ќе бидат коригирани и граѓаните ќе добијат фактури што произлегуваат и од нашата одлука и од намалувањето на ДДВ. Направените фактури се за септември, но и за последните пет дена од август поради што се повисоки од тоа што требало. Со последната одлука на РКЕ цената за топлинска енергија на тие потрошувачи беше намалена за 13 проценти, пред се, поради намалувањето на ДДВ.Тоа сега ќе се имплементира во сметките за септември. Фактурите ќе бидат сторнирани и на граѓаните ќе им бидат испратени нови, најави Бислимоски.

Според него, сите вршители на дејноста дистрибуција на топлинска енергија се подготвени и се во кондиција за грејната сезона. Таква информација доставиле до РКЕ и пред нејзиниот старт, а тоа се докажало и минатата недела кога два дена кога поради ниските температури беа исполнети условите за пушатње на топланите.

Со одлука на Владата на 30 јули годинава Град Скопје ја доби на тајно користење топловодната мрежа во Скопје со која треба да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски енергетски системи (ГЕС).

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов