Бислимоски: Енергетската заедница треба да се изјасни за државата помош за гасни централи

Од:

Најбитниот филтер во однос на државната помош согласно домашното и европското законодавство ќе го направи Секретаријатот за енергетската заедница затоа што Македонија не е членка на ЕУ, но е потписник на Договорот за основање на Секретаријатот за енергетска заедница, што е тело на Еу надлежно за енергетика.

Оттаму треба да се изјаснат за државната помош во делот на инвестициите за енергетиката и да се отргнат сите дилеми во однос на гасните централи, посочи првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

– Во собранието имаме четири договори за стратешки инвестции од вкупно 850 mw за електрична и 100 mw за топлинска со што заедно со досегашните инвестиции коинсе направени од приватниот сектор од 600mw од обновливи извори Македонија за помалку од една деценија ќе го удвои производството што е практично јакнење на енергетската независност. Во време на енергетската криза не спасуваше ТЕЦ Неготино и блокови во РЕК Битола што се стари 40 години и струја даваше ТеТо по насока од Влада за пониски цени- нас неопходни ни се нови инвестиции за да ја обезбедиме енергетската независност. Со стратешките проекти на краток рок ефикасно ќе се реализираат проектите” изјави Бислимоски.

Во однос на цената за топлинска енергија појасни дека во еден од анексите на договорите јасно стои дека цената за топлинска ќе е пресметана согласно методологијата на РКЕ.

“Цената на топланите во Скопје е 5,2 денари а на овие когенеративни постројки 2,5 денари – и тоа ќе се рефлектира во пониски сметки.” истакна Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Орце Костов