„Билд“: Тројката ги разгледува евентуалните последици од банкрот на Кипар

Од:

Експертите на тројката меѓународни кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд ги разгледуваат евентуалните последици од банкрот на Кипар, објави германскиот весник „Билд“.

Најсериозно погодена ќе биде Грција од пропаѓањето на главните кипарски банки, бидејќи во нив се наоѓаат околу 10 проценти од штедните влогови на грчките граѓани.

Банките на останатите земји членки на еврозоната, исто така, ќе почувствуваат сериозни последици, истакнува весникот.

Кипар во јуни побара европска финансиска помош, откако две банки во земјата побараа помош од владата.

Министрите за финансии од еврозоната неделава во Брисел ја одложија одлуката за помош на Кипар, за после одржувањето на претседателските избори чиј прв круг почнува утре.

Република Кипар на барање на тројката веќе усвои серија мерки за штедење со цел да ги намали трошоците. Според проценките Кипар има потреба од 17 милијарди евра помош.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар