Безос, Маск, Закерберг и Гејтс загубија 25 милијарди долари во еден ден

Од:

Најбогатите директори на американските компании „Биг Тек“ загубија вкупно 25 милијарди долари од богатството по продажбата на технолошки акции, покажуваат податоците на Си-Ен-Би-Си.

Акциите на технолошките компании во индексната корпа С&П 500 вчеравечер се затворија во минус од 5,8 проценти, повлекувајќи го пазарот на „црвено“.

Богатството на најбогатите во изминатите недели растеше, но драматичниот пад на цените предизвика „топење“ на нивните салда.

Акциите на „Амазон“ го завршија вчерашното тргување со пад од 4,63 проценти, со што извршниот директор Џеф Безос е „пократок“ за девет милијарди долари.

Директорот на „Тесла“, Илон Маск исто така загуби девет милијарди долари, откако неговите акции паднаа за 9,02 проценти, додека извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг загуби четири милијарди долари, со пад на акциите од 3,76 проценти.

Богатството на поранешниот прв човек на Мајкрософт, Бил Гејтс се намали за три милијарди долари, бидејќи акциите на компанијата паднаа за 6,19 проценти, наведува Си-Ен-Би-Си.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

Продажбата на Tesla во ЕУ падна за 45%

Маск најави намалување на својата улога во администрацијата на Трамп

Горан Наумовски

Застрашувачката најава на Бил Гејтс за 2035 година

Масовни протести на Американците против Трамп

Џеф Безос ја продаде палатата во Сиетл за рекордни 63 милиони долари и се пресели во „Бункерот на милијардери“

А1он