Бескаматна кредитна линија Ковид1 во износ од 5,7 милиони евра

Од:

Развојна банка на Северна Македонија денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра.

– Во првата листа до Владата на Северна Македонија се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени. Доставата на информации до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1, се вели во соопштението од Развојна банка.

Оттаму велат дека се очекува Владата на денешната седница да ја разгледа информацијата и да ги одобри кредитните апликации. По ова, Развојна банка ќе стапи во контакт со компаниите за реализација на договорите за кредит.

Би можело да ве интересира

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Од канцеларијата до планините: Поглед во животот и визијата на Теодор Тодоровски

На 8 октомври во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит

СДСМ: Унгарскиот кредит е политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

A1on

Летувај – за џепарлак не се оптеретувај

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

A1on